За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.

Објавил: Перо Милчин | 21 ноември, 2020 10:51

Главната сестра во битолската болница поднесе неотповиклива оставка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесе неотповиклива оставка, објави Нова Македонија.

За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.

Засега не се познати причините за оставката на Бајовска.

Инаку Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години, објави Нова Македонија.

Расправија на повисок тон со раководните лица била причината за три медицинските сестри од инфективната клиника во Скопје кои неодамна дадоа отказ од работа.

Ова го тврдеше министерот за здравство кој се сретна со сестрите!

Меѓу сестрите кои заминаа беше и главната сестра со три децениски стаж, која во барањето за прекин на работниот однос како причина го наведуваше непочитувањето и деградирањето на профилот медицинска сестра. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести