Според објавените документи, од клиниката си заминуваат и Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа. И двете го поднеле отказното решение на 28 ми овој месец, а причината воглавно е истата. Имено и тие се медицински сестри со долгогодишно искуство на Клиниката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2020 10:07

Главната сестра на Инфективна и уште две колешки даваат отказ: Причината е деградирање на профилот медицинска сестра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зорица Љубичиќ Митиќ, главната медицинска сестра на скопската Инфективна клиника, заедно со уште две свои колешки, во време на пандемија дала отказ на работното место, покажуваат документи кои вчера беа објавени на Фејсбук. Таа како причина за отказот посочува непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра.

Во време на пандемија, главната медицинска сестра на Инфективна клиника поднела отказно решение….

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ пишува Љубичиќ Митиќ во отказното писмо упатено до раководството на Инфективна.

Според објавените документи, од клиниката си заминуваат и Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа. И двете го поднеле отказното решение на 28 ми овој месец, а причината воглавно е истата. Имено и тие се медицински сестри со долгогодишно искуство на Клиниката.

Вчера „Фокус“ се обиде да контактира со директорката на скопската Инфективна клиника, Милена Стефановиќ за да појасни зошто трите медицински сестри си даваат отказ, но таа не одговорила на прашањата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести