Според 1ТВ правото на глас рано изутринава го оствариле координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ Драган Данев и пратеничката Даниела Рангелова

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 11:26

Гласаа ли пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, Драган Данев и Даниела Рангелова ?

Фото/Текст извор: ©1тв.мк

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Данев, утрово го оствари своето гласачко право на референдумот за Договорот меѓу Македонија и Грција.

Како што пренесува 1ТВ утрово својот глас го оствари и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Двајцата се дел од најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ, чиј став за референдумот е секој да прави како што сака и не посочи ниту на бојкот, ниту на гласање “За” ниту “Против”.

Во меѓувреме, Државната изборна комисија ја објави првата официјална бројка за излезеност до 9 часот.

Најголема излезност има во Крива Паланка со 5.21%, Делчево со 4.38%, Демир Хисар со 4.12%, Ресен со 4.06% од гласачите, додека најниска во Старо Нагоричане со 0.89%.

На територијата на цела Република Македонија, од избирачките места од кои пристигнале податоци, излезноста е 2.55%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести