Референдумкото прашање "Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ замина во минатото

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 19:16

Гласањето заврши, се затвараат гласачките места

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Право на глас имаа еден милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во Избирачкиот список. Се гласаше на 3.748 избирачки места кои беа отворени од 7 до 19 часот.

Според последните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот до 18:30 часот беше 34,09 проценти.

Ден пред референдумот, вчера гласаа лицата во казнено-поправните установи, внатрешно раселените, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Во казнено-поправните установи низ земјава, вкупно 13, до 17 часот излезноста беше 64,69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас. Во своите домови, пак, според првичните информации од општинските изборни комисии, гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859.

Вчера гласаа и граѓаните на Република Македонија во странство. Пријавени за гласање беа 2.694 македонски државјани, а тоа можеа да го направат во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија низ светот. Како што соопшти ДИК, до 17 часот вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не беа влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно шест гласачки места) каде гласањето не беше завршено.

По затворањето на гласањето во 19 часот, ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК во рок од 24 часа по нивниот прием.

Конечните резултати од референдумот ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. ДИК ги објавува резултатите од референдумот во Службен весник во рок од 15 дена од денот на одржувањето.

Денешното изјаснување на референдумот го набљудуваа рекорден број домашни и странски набљудувачи. Официјалната бројка од ДИК на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.

Покрај домашни, референдумот го следеа и странски новинари. ДИК акредитира 83 новинари од 32 медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...