Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 10:15

ГНЕВНИ ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ: Каде е „животот“ кој го ветуваше Богоев – освен смрдеа не добивме ништо!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Веќе еден месец жителите на општина Карпош гневни поради неоставрените ветувања од страна на актурелниот градоначалник Стефан Богоев.

Неодамна граѓаните на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа огромниот смет кој ја грди населбата.

Еве каква е сликата кај Психијатриската болница Бардовци.

Граѓаните на Карпош со негативни критики до Стефан Бгоев

Расфрлано ѓубре и отпад и лоша миризба од истото. Наместо слободно да се движат по тротоар, жителите се приморани да го заобиколуваат отпадот кој е на сите страни.

Неколку пати за помош се обраќале и до општината Карпош со која раководи градоначалникот Стефан Богоев, но од таму добиле одговор дека тоа е приватна сопственост и не е под нивна надлежност.

Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.

Како ова да не е доволно, граѓаните секојдневно се жалат и за неажурнста на градоначалникот Стефан Богоев за работи кои се од големо значење за жителите кои живееат во оваа општина.

Социјалните мрежи преплавени со фотографиите од општина Карпош

Коменатрите под фотографиите се негативни и го прашуваат Богоев дали ќе дојде „животот“ кој го ветуваше.

„Општина Карпош ажурна, овие работи се повеќе од 6 месеци вака. Островче кај Влајко, фонтана и дупка кај Стара телевизија“, се само дел од коментарите преку кои граѓаните ги потсетуваат надлежните за нивната работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести