Третото издание на парадата на гордоста ќе се одржи во последната сабота од јуни под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2022 13:26

Годинешната парада на гордоста ќе се одржи на 25 јуни со мотото „Излези за љубов!“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија  одржа прес-конференција на која ги соопшти деталите за овогодишното издание на Скопје Прајд која ќе се одржи на 25 јуни. 

Третото издание на парадата на гордоста ќе се одржи во последната сабота од јуни под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“. Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, а медиумската поддршка е од суштинско значење во борбата за еднаквост на маргинализираните групи, беше речено на прес конференцијата.

Минатите изданија на Прајдот покажаа дека најголемиот дел од медиумите известуваа за настанот согласно професионалните и етички новинарски стандарди и се надеваме дека позитивниот тренд на информирање за ЛГБТ+ темите низ призмата на човекови права ќе продолжи и годинава, б.еше наведено на прес конференцијата

Се очекуваат околу 2 000 учесници од земјава и од странство а целата манифестација да помине мирно, како и досегашните прајдови.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани