Претседателот Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

Објавил: Перо Милчин | 1 јануари, 2021 18:08

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ГЛИГОРОВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден почина првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Почина во својот дом во Скопје на 95-годишна возраст.

Претседателот Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

Учествувал во Народноослободителната борба. Во Президиумот на АСНОМ бил повереник за финансии. Бил секретар за финансии на Сојузниот извршен совет, член на Претседателството на СФРЈ и претседател на Собранието на СФРЈ.

Претседателот Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

За претседател на Република Македонија е избран на 27 јануари 1991 година, во два мандати, до 19 ноември 1999 година кога со своите 82 години, беше најстариот претседател на држава на светот, што го забележа и Гинисовата книга на рекорди.

За време на неговиот мандат на референдум Македонија прогласи независнот на 8 септември. На 17 ноември беше донесен Уставот на РМ, а на 8 април 1991 земјава стана  181 членка на ООН.

На 3 октомври 1995 година Глигоров преживеа атентат во кој се здоби со тешки повреди во главата. Нападот, кој беше извршен со автомобил-бомба на на улицата Македонија, се случи по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за меѓусебно признавање на двете земји. Нарачателите и сторителите на атентатот се уште не се откриени.

По пензионирањето, во 2001 година Киро Глигоров ги објави мемоарите „Македонија е се што имаме“ и „Сите југословенски стопански реформи“ и ја основа фондацијата „Глигоров“, која поддржува проекти од културата и уметноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани