Во незгодата причинета е материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Објавил: Весна Петровска | 23 септември, 2019 18:11

Голема железничка несреќа на пругата Штип – Кочани

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

 Железничка несреќа се случила синоќа на пругата Штип-Кочани, при што повредени патници нема, но има материјална штетата. Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф“.

-Несреќата се случила во 19:55 меѓу стојалиштето кај Облешево и железничката станица Кочани помеѓу патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје-Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 21 годишниот А.И од село Спанчево, вели Панајотова.

Во незгодата причинета е материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Оваа година ова е прва незгода на оваа пругата Штип-Кочани.

Пред неколку дена имаше голема трагедија на реалација Гевгелија- Скопје – воз усмети 23 годишен маж од Пакистан.

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци откако во него удрил воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.

Како што информираат од МВР, незгодата се случила во вечерните часови на 19. септември, а 23-годишникот починал на самото место.

Со него бил уште еден Пакистанец на возраст од 30 години, кој бил предаден на полицијата и префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба, во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...