Во потрага на теренот, спасувачите користат чамци, а полицијата соопшти дека некои тела на настраданите се најдени два километра низводно од местото на несреќата.непал

Објавил: admin@magazin | 3 ноември, 2019 17:45

ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВО НЕПАЛ: Автобус падна во река, 15 лица загинаа 35 се повредени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патнички автобус излета од патот и падна во река во планинска област во централен Непал, при што загинаа најмалку 15 лица, а 35 се повредени.

Тешката несреќа се случила денеска кај селото Сукута, 45 километри од Катманду, кога автобусот кој патувал од Долах до Катманду паднал во река на длабочина од околу 50 метри и се превртел, соопшти полицијата.

Спасувачите користат чамци, а полицијата соопшти дека некои тела на настраданите се најдени два километра низводно од местото на несреќата.

Најмалку 15 лица загинале, 50 се повредени а три се водат како исчезнаи откако автобус паднал во река во центаралниот регион на Непал, пренесува во неделата Himalayan Times повикувајќи се на полицијата.

Неодамна во Пакистан најмалку 22 лица загинаа, а 15 лица беа повредени во автобуска несреќа, соопшти локалната полиција.
До несреќата дошло кога автобус удрил во брдо откако му откажале сопирачките.

Спасувачката операција беше отежната поради тешко достапниот терен во планинска област и недостиг на соодветна опрема.

Непал е република на Хималаите. Се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду. Сè до 200] г. земјата била кралство.
По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија.

Сепак монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај, 2008 Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...