Портпаролот на крајбрежната стража Арманд Балило, изјавил дека засега не се знае дали има исчезнати патници и членови на екипажот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 август, 2019 19:14

ГОЛЕМА НЕСРЕЌА: Три траекти се превртеа на Филипините, најмалку седум мртви (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Најмалку седум лица настрадаа, а 31 се спасени кога денеска се превртеле три траекти како последица на лошото време помеѓу две филипински провинции, соопшти филипинската крајбрежна стража.

Како што изјави портпаролот на крајбрежната стража Арманд Балило, засега не се знае дали има исчезнати патници и членови на екипажот.

Метеоролозите од претходно предупредија на обилни дождови и грмежи поради невремето, кое го зафати источниот дел од земјата.

Филипините се архипелаг кој опфаќа 7.107 острови со површина од околу 300.000 km².

Единаесетте најголеми острови заземаат 94% од површината на Филипините. Двата најголеми острова се Лузон, кој опфаќа 105.000 км² и Минданао, со површина од 95.000 km².

Должината на брегот е 36.289 км, што ги прави Филипините петти во светот. 

Кон исток, се граничи со Филипинското, кон запад со Јужно Кинеското и на југ со Селебеското море . Островот Борнео се наоѓа на само неколку стотици километри југозападно, додека Тајван се наоѓа северно од Филипинскиот архипелаг. Молучка и на островите Сулавеси се наоѓаат јужни и југозападно, додека Палау се наоѓа источно од Филипините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести