Откако мигрантите на територијата на Р.С.Македонија биле пренесувани илегално од територија на Р.Грција, преку т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, со помош на водичи биле носени на претходно утврдени и договорени локации.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 19:39

Голема полициска акција низ Македонија – еве што открија органите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Голема полициска акција била спроведена на секаде низ Македонија. Како што информираат од МВР,  на 15.10.2019 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и СВР Струмица, под раководствона Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија нa Р.СМакедонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до кумановско-липковскиот регион за натамошен транспорт кон север, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски..

„Криминалистичката истрага над организираната 14-члена криминална група, со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, се спроведуваше во изминатите осум месеци, односно од март до октомври 2019 година. Оваа криминална група во период од март 2019 година до сега, организирале криумчарење на 400 мигранти, по потекло од Aвганистан,Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток, кои претходно престојувале на територијата на Р.Грција, а меѓу кои имало и деца, стекнувајќи се притоа со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра“, рече Ангеловски.

Откако мигрантите на територијата на Р.С.Македонија биле пренесувани илегално од територија на Р.Грција, преку т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, со помош на водичи биле носени на претходно утврдени и договорени локации. Од овие локации членовите на групата, ги прифаќале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале до локации во близина на с.Марвинци, с.Фурка, Богданци, Удово и Демир Капија. Оттаму се вршело прифаќање и превезување на мигрантите дооднапред договорени локации на автопатот Куманово – ГП „Табановце“, од каде биле прифаќани од други лица-нивни криминални соработници и носени во кумановските села Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку северната граница, кон државите на ЕУ.

Соработници во организираната криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник, со цел добивање на известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи

„При реализацијата на оваа криминалистичка истрага претреси беа извршени во вкупно 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово, а лишени од слобода беа вкупно девет лица. Едно лице веќе е во затворот „Скопје“, едно лице во КПУ „Идризово“, а едно лице е во затвор во Србија“, соопшти Ангеловски.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против 14 лица и тоа едно лице кое е со привремен престој на територија на Р.Грција, М.С.(45) од с.Богородица, Гевгелија, И.Ѓ.(20) од с.Ново Конско, Ќ.А.(28) од Арачиново, Н.М.(35) од Арачиново, Б.Г.(24) од с.Марвинци, И.Ѓ.(49) од с.Ново Конско, Б.Р.(28) од Арачиново, Љ.А.(26) од Арачиново, Х.А. (27) од с.Арачиново, .П.(27) од с.Богородица, С.К.(23) од с.Селемли, Ф.А.(32) од с.Јосифово и Д. М.(22) од Богданци, заради постоење на основано сомнение сториле кривични дела: „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1 и 2, „Криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 2 и став 4 од КЗ на РСМакедонија и „помагање“ во врска со истото кривично дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.