Пејачката на познатата група “Роксет“ уште пред три години изјави дека е тешко болна и се прости со своите обожаватели преку емотицна порака на социјалните мрежи.

Објавил: Весна Петровска | 10 декември, 2019 13:10

ГОЛЕМА ТАГА: Почина пејачката од групата „Roxette“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тага во светот на музиката, денеска по тешко боледување почина познатата рокерка од групата „Роксет“, Мери Фредриксон на своја 61 годишна возраст. Пејачката боледуваше од рак на мозокот кој со години се бореше со оваа пеколна болест.

Тажната вест ја соопштија сите шведски медиуми.

Пејачката на познатата група “Роксет“ уште пред три години изјави дека е тешко болна и се прости со своите обожаватели преку емотицна порака на социјалните мрежи.

Таа требаше да ја оддржи турнејата по повод 30 години успешна кариера, но поради лошата здравствена состојба на Мери Фредриксон, која веќе подолго време е болна мораше да ги откаже сите настапи, и обожавателите немаа прилика за последен пат да и ги слушнат песните во живо.

-Ова беа 30 извонредни години на бендот „Роксет“. За жал, деновите на турнеја за мене се готови и затоа би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели што толку време му беа верни на нашето дуо – стои помеѓу другото, во нејзината порака на „Фејсбук“.

Мери е родена на 30. мај во 1958 година во Шведска. Таа зад себе остави две деца.

Да се потсетиме на безвременскиот хит на групата „Роксет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...