Ова е шеста жртва од експлозијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 февруари, 2020 17:05

ГОЛЕМА ТАГА: Шеста жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце, потврди за МИА директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

Пред два дена во 13.20 часот, на раните им подлегна 36 годишната пациентка, која беше во критична состојба. Веста ја потврди и директорот на Ургентен Центар, Илир Хасани.

Досега, од експлозијата на плинска боца во Романовце, животот го загубија три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.

Градоначалникот Максим Димитриевски ги повика институциите во најбрз можен рок да излезат со конкретни детали кои се причините кои довеле до ваквата трагедија. Ова е шеста жртва од експлозијата. 

Куманово е обвиено во тага по загубата на четворица свои жители, кои несреќно го загубија животот во недела при експлозија на плинска боца во селото Романовце.

 Беше прогласен ден на жалост а знамињата беа на половина копје. Откажани беа сите спортски, културни и забавни случувања, откако Советот на Општина Куманово денот 25.02 го прогласи за Ден на жалост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...