Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето.

Објавил: Перо Милчин | 15 август, 2019 17:27

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Почина родилка на Клиниката за гинекологија – бебето е спасено!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Родилка од Македонска Каменица рано изутрина починала на Клиниката за гинекологија. Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК, пренесува Сител.

Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната ренаимација, не успеале да ја вратат во живот родилката.

Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето.

-Имала потешкотии со одењето, лесно се заморувала, и тоа 5-6 дена, мисела дека е нормално, беше многу топло а викендот и била невеста и мислеле дека од тоа се заморува, но не било така. Од првичните испитувања најверојатно масивна тромб емболија со декомпензирано срце е причината за смртта, вели др. Викторија Јовановска директор на ГАК

Пред да заврши на скопска гинекологија, од Брза Помош 27 годишната жена прво ја однеле во кочанската болница, каде поради тешката состојба веднаш ја препратиле во Скопје. Поради смртта на младата родилка, гинеколозите велат дека не сакаат да ги плашат трудниците, но апелираат да не седат дома доколку нешто не е во ред со нивното здравје.

Бременоста е физиолошка состојба, не сакам да биде како плашење но доколку се посомневаат дека нешто отскокнува да побараат помош кај својот матичен лекар, вели Јовановска.

Според светската статистика, тромб емболија е најчесто фатална кај трудници. Телото на починатата е на одбукција на Патологија од каде и официјално ќе ја кажат причината за фаталниот исход. Од Гинекологија велат дека во изминатите две години ова е прв смртен случај на родилка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...