Имено за три дена навршуваат точно шест години од несреќата, а по тој повод се огласи и неговата сопруга Корина која напиша порака во една од групите за поддршка на Шумахер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 декември, 2019 11:15

Големите нешта почнуваат со мали чекори- сопругата на Шумахер со порака која ги замисли неговите фанови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светскиот број еден во Формула 1 Михаел Шумахер шест години е во кома по страотната несреќа која ја доживеа на скијање во Франција.

Михаел Шумахер, роден на 3 јануари 1969 е пензиониран германски Формула еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња.

Имено за три дена навршуваат точно шест години од несреќата, а по тој повод се огласи и неговата сопруга Корина која напиша порака во една од групите за поддршка на Шумахер.

„Големите нешта почнуваат со мали чекори. Мали коцкички секогаш може да создадат голем мозаик“ – стои во пораката која Корина ја испрати до фановите на Шумахер.

Секако ваквата порака јавноста ја замисли, по што се шпекулира дека Михаел добро се опоравува,. За здравствената состојба на Шумахер не се знае многу, неговото семејство чува во тајност па така и овој пат не дадоа никаков коментар за објавата на Корина.

Пред извесно време пак поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер ги изненади сите кога кажа дека сопругата на легендарниот возач од Формула 1 ја крие вистината речиси шест години.

Вебер минатиот месец истакна дека всушност Корина се обидува да ги спречи пријателите да го видат Шумахер, зашто се плаши дека вистината ќе биде откриена.

-Знам дека Шумахер е лошо, но за жал не знам каков напредок е постигнат. За жал, Корина ме спречи да го видам. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Целосно верувам во рехабилитацијата на Шумахер, зашто знам дека е борец. Ако постои можност да се спаси, ова можеби не е крај. Се молам за него и убеден сум дека повторно ќе го видам, порача Вебер.

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.