Сообраќакјот се одвива по влажни коловозни ленти и се апелира до возачите да бидат внимателни во сообраќајот.

Објавил: Весна Петровска | 28 мај, 2019 16:33

Големо невреме во Скопје – ваквото време продолжува и следните денови

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Силно невреме попладнево го зафати Скопје, хаос на улиците од поројниот дожд.

Сообраќакјот се одвива по влажни коловозни ленти и се апелира до возачите да бидат внимателни во сообраќајот.
Метеролозите уште утринава го најавија невремето во Скопје.

Под влијание на изразено јужно воздушно струење во текот на следните неколку денови ќе имаме значително потопло време, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец додека пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека пак во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат до 32 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Сепак атмосферата нема да биде стабилна па така повремено ќе има појава на локален дожд, а локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за појава на град и тоа поголеми услови за оваа појава ќе има во вторник кога и очекуваме на повеќе места развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради силното јужно воздушно струење овие денови ќе има појава на сахарска прашина кон нашите краеви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...