Процесите, како што се наведува, засега се поинтензивни во источниот и југоисточниот дел од котлината, но во наредниот час можно е да биде зафатена и целата територија на главниот град.

Објавил: Весна Петровска | 24 јуни, 2019 16:04

Големо невреме во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Големо невреме го зафати главниот град, но и некои градови низ земјава.

И денеска имаме нестабило време низ Македонија

Нестабилно време со пороен дожд, град и грмежи има во југоисточните делови на државава, Струмица и Радовиш како и во Пелагонија, Прилепско. Нестабилност во форма на невреме со пороен дожд и грмежи, а според радарската слика и со појава на град, ја зафати и скопската котлина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Процесите, како што се наведува, засега се поинтензивни во источниот и југоисточниот дел од котлината, но во наредниот час можно е да биде зафатена и целата територија на главниот град.

Од УХМР посочуваат дека нестабилното време ќе се задржи и до крајот на денот, на повеќе места и понатаму со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси, засилен ветер и појава на град.

Но од метеролошките станици сепак велат дека вакво време ќе имаме и на почетокот на месец јули, но од средината на месецот до крајот на август се очекуваат екстремни температури.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...