Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Објавил: Весна Петровска | 20 ноември, 2019 9:36

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Метеоролозите велат да се подготвиме

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 15 степени.

Потоа следува период на променливо облачно време со магла по одделни котлини.

Каква е состојбата на патиштата низ Македонија?

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај. Геодетски и геомеханички истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 19:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде 5 дена, односно почнувајќи од денес 18.11.2019 г. до 22.11.2019 г.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен , преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...