среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Невремето предизвика поплави, материјална штета врз возила и објекти, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 14:40

Големо невреме ја погоди и Албанија: Поплави, прекин во сообраќај и струја, сообраќајни незгоди и неколку повредени лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силен ветер, дожд, град и електрични празнења, беа резултат од големото невреме кое ја зафати и соседна Албанија.

Невремето предизвика поплави, материјална штета врз возила и објекти, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Како што соопштија властите во Албанија, најпогодени од големото невреме беа подрачјата на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин, каде ветрот буквално носеше се пред себе, корнеше дрвја, што предизвика и застој во сообраќајот.

Се уште се работи на отстранување на паднатите дрвја од патот, во неколку области кои беа отсечени од сообраќај.

Невремето го погоди и познатото туристичнко место Валона, каде имаше прекин во сообраќајот, поради високото ниво на вода по улиците, а исто така и во другите приморски градови, невремето предвика голема матерјална штета на угостителските и други објекти. Во невремето настрадаа и неколку лица кои за среќа се надвор од животна опасност.

Инаку невремето беше причина и за повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени повеќе лица. Во една од сообраќајките учествувало возилото на руската амбасада, при што полесно е повреден возачот на автомобилот а во сообраќајката во близина на Подградец повредени се десет лица кои патувале со џип, што излетал од патот поради силното невреме и неприлагодената брзина на движење на условите на патот.

Во многу делови во земајта поради искинати проводници и паднати столбови има прекин во снабудвањето со електрична енергија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.