Гробницата е откриена околу 11 метри под земја, а за ковчезите се верува дека се стари најмалку 2.500 години. Тие беа запечатени од кога биле погребани, а веројатно има и повеќе.

Објавил: Владо Марин | 10 септември, 2020 8:01

ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ ВО ЕГИПЕТ: Пронајдени 13 недопрени ковчези стари 2.500 години! За археолозите ова останува мистерија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Египетското Министерство за туризам и антиквитети го потврди откривањето на 13 дрвени недопрени ковчези во некрополата на пустината Сакари.

Гробницата е откриена околу 11 метри под земја, а за ковчезите се верува дека се стари најмалку 2.500 години. Тие беа запечатени од кога биле погребани, а веројатно има и повеќе.

Саркофазите се во многу добра состојба, а некои ја имаат и оригиналната боја на дрвото.

Според министерот за туризам Калед ал-Анани, очекува во следните месеци веројатно да има многу повеќе откритија во оваа гробница. Со оглед на беспрекорната состојба на гробницата, археолозите очекуваат да најдат богатство скриено во него.

Секој предмет пронајден покрај мртвите ќе фрли светлина врз нивниот статус, богатство и влијание, иако засега, идентитетот на починатиот останува мистерија.

Во меѓувреме, министерството ги најавува настаните преку бројни записи, веројатно во обид да се врати животот на нарушената туристичка индустрија во земјата, која е дополнително ослабена од пандемијата на коронавирусите.

Египетската влада го отвори пристапот до музеите и културните места на 1 септември!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...