„За време на протестите пред РТС, автомобил марка „Мерцедес“ се обидел да го пробие кордонот кој бил во обезбедување на Вучиќ, по што двајца мажи биле уапсени“ пренесуваат српските медиуми.

Објавил: Весна Петровска | 6 ноември, 2019 12:57

ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ ПРЕД РТС ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЈУТО НА ВУЧИЌ – Зошто ширите лаги!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Вчеравечер, по завршеното интервју кое претседателот на Србија, Александар Вучиќ го дал во телевизијата РТС, пред зградата дошло до инцидент, откако двајца мажи со автомобил се обиделе да го пробијат претседателското обезбедување.

„За време на протестите пред РТС, автомобил марка „Мерцедес“ се обидел да го пробие кордонот кој бил во обезбедување на Вучиќ, по што двајца мажи биле уапсени“ пренесуваат српските медиуми.

Инаку претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера во интервјуто на РТС изјави дека ако нешто ветил во врска со Косово досега ќе го исполнел.

– Ако нешто сум му ветил на Западот за прашањето на Косово и Метохија, како што некои тврдат, како тоа до сега не сум го исполнил, праша српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој вчера вечер гостуваше во емисијата Упитник, каде порача дека ќе продолжи да се бори за Косово и Метохија и српскиот народ со цело срце и жар.

На прашањето да го коментира тоа што Вук Јеремиќ кажа дека „Вучиќ и Тони Блер разговараат во ОН за модалитетите на признавање на косовската независност“ и дали нешто му ветил на Западот, Вучиќ одговори:

„Како тоа досега не сум исполнил ништо и како тоа досега не го решиле она што сметаа дека го решиле во 2008 година?“

Издржавме тешки притисоци и ќе има уште потешки притисоци, истакна Вучиќ.

„Србите не бегаат од компромис. Знам дека Србите мислат и не бегам од истражување. Борбата ќе ја продолжиме, компромисот не е порз на Србија, знам дека до него тешко ќе се дојде, бидејќи српските уши тоа не сакаат да го слушнат“.

На коментарот на водителката дека не соопштил што значи компромисот, Вучиќ кажа: „Никогаш не соопштив што значи компромисот… Иако овие експерти би го прифатиле моделот на двете Германии, не сум сигурен дека тоа е најповолното решение – затоа што некој мора да се бави со иднината на одговорен начин. Некој мора да разбере што е најдобро, но тоа би било многу полесно да се испорача, отколку некои други нешта“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.