Во Калифорнија е во тек голема операција за спасување и евакуација за луѓето кои се најдоа заробени во шумски пожарен терен.
Според Би-Би-Си, десетици луѓе биле евакуирани со воени хеликоптери од областа Мамутов извор, 60 километри северозападно од Фресно.
Според властите, не е познато точно колку луѓе биле заробени во пожарот, но хеликоптерите се враќаат за да ги евакуираат сите загрозени.
Досега се регистрирани две лица со сериозни повреди и 10 со полесни.
Огнот се шири брзо, а според ЛА Тајмс, пожарот зафатил околу 5.000 хектари шума.
Локалната противпожарна служба објави дека досега 63 лица се евакуирани со воени хеликоптери и дека не е познато уште колку се загрозени и чекаат да бидат спасени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.