Црн и густ чад се шири низ улиците.

Објавил: Перо Милчин | 28 февруари, 2020 21:22

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ПАРИЗ: Евакуирана железничката станица, црн чад се шири низ улиците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем пожар избувнал во близина на железничката станица во Париз “Гар д Лион”, поради што станицата беше евакуирана и на граѓаните им било советувано да го избегнуваат подрачјето.

Црн и густ чад се шири низ улиците. Голем број пожарникари беа на местото на настанот.

Пожарот избувна кога се одржа протест против позната пејачка, која го поддржува актуелниот претседател на Конго. Пожарот се случи се случи во близина на Сена.

Исто така минатата година во познатата катедрала Нотр Дам во францускиот главен град избувна пожар.

Околу 13 милиони посетители и верници ја посетуваат црквата годишно, или во просек околу 30.000 дневно. Во најфреквентните денови, над 50.000 луѓе дневно влегуваат во катедралата. Таа е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот.

Нотр Дам се истакнува со својата големина, древност и архитектонскиот интерес. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...