Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 13:06

Голем раст на цените на горивата: Бензините поскапи 2.5 и 3 денари, дизелот за половина денар

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Цените на горивата се зголемуваат – Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, повисоки цени на горивата. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.5, односно 3.00 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 68.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 70.50 денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за да ги пресмета максималните цени на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.09%.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.5 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Регулаторната комисија за енергетика стандардно секој втор понеделник во месецот ги утврдува најновите цени на горивата. Засега е непознато како ќе се движи новата цена на горивата со оглед дека цената на нафтата на светските берзи стагнира.

Гориво е секој материјал што складира енергија која се искористува извршување на механичка работа на контролиран начин. Највеќе горива подразбираат и разни други егзотермни хемиски реакции и нуклеарни реакции, како што се фисијата и фузијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...