Фотографиите и снимките од упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот синоќа го обиколија светот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 јануари, 2021 17:29

ГОЛ ДО ПОЈАСОТ И РОГОВИ НА ГЛАВА: Еве кој е мистериозниот човек кој упадна во Конгресот и позираше пред новинарите(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мистериозниот човек со рогови на главата кој привлече најголемо внимание на новинарите за време на синоќешниот упад во Конгресот е всушност Анџели, попознат како „шаманот на Quan (QAnon)“.

Фотографиите и снимките од упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот синоќа го обиколија светот.

Иако имаше многу впечатливи сцени на сликите и снимките од Конгресот, еден од членовите на приврзаниците на Трамп кој привлече најголемо внимание беше човек на 30-годишна возраст со лице насликано во боите на американското знаме, кој носеше крзнена капа со рогови.

Следбениците на таа теорија на заговор веруваат дека станува збор за група педофили кои му се поклонуваат на сатаната и која влегла на Капитол Хил, а Доналд Трамп се бори против нив.

Вчера, откако насилно упадна во зградата на американскиот Капитол со останатите приврзаници на Трамп, Анџели шетал низ зградата носејќи го американското знаме закачено на копје и мегафон. Во еден момент, тој беше снимен како стои на подиумот во Сенатот без маица.

Според Си-Ен-Ен, станува збор за Анџели, кој е попознат како шаман на QAnon.


»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.