Според ТВ21 пет министри ќе ја напуштат Илинденска бр 2

Објавил: Узунов Бобан | 25 мај, 2019 21:15

Горан Сугарески го напушта министерското столче, ДУИ го превзема транспорт и врски ?

Фото/Текст извор: ©тв21/магазин

Промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, за ова се очекува да се расправа но и да се донесат одлуки на утрешната седница на Централниот одбор на СДСМ.  Откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев деновиве објави дека се разрешени сите 78 претседатели на општинските организации, многу е веројатно дека на утрешната седница на Централниот одбор  метлата  ќе ја опфати повисоката партиска структура.

Дали Зоран Заев ќе биде спремен поради персонални решенија да се откаже од едно од најбитните Министерства како што е транспорт и врски ? И дали изминативе две години критиките за слабата реализација на капиталните инвестиции ќе паднат врз грбот на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ?

Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Неофицијални се говори дека покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат пет до шест министри. Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.


Според неофицијални информации Заев на средбата со Ахмети инсистирал Садула Дураку да биде сменет, а дури би бил спремен и да го препушти министерството  за транспорт на ДУИ и да го земе министерството за екологија. На тој начин би му дал причина на Ахмети да го смени Дураку, а на тој начин и Заев полесно ќе го замени актуелниот министер во транспорт Горан Сугаревски. За Дураку се говори дека тој ќе биде ротиран на чело на новото министерство за политички систем, неодамна тој изјави дека измените ги смета за позитивни.


Засега  според  истите извори останува сигурен на својата позиција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и на Арбр Адеми од образование.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.