Социјалните мрежи моќно оружје на изборната кампања

Објавил: Узунов Бобан | 23 февруари, 2019 8:27

Гордана Силјановска ги повика граѓаните со селфи да собираат потписи за нејзината кандидатура

Фото/Текст извор: ©магазин

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова преку својот фејсбук профил ги повика граѓаните да се потпишат за нејзината кандидатура во канцелариите на ДИК и да објават селфи како мотив и за другите граѓани да го направат истото. 

Гордана Силјановска како што било пракса и порано ќе побара поддршка и од 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот. Дали тоа ќе биде првиот тест на Мицкоски за хомогеноста на пратеничката група или и тогаш ќе се појават различни фракции ?

Почитувани граѓани,
Како што веќе најавив, од денес, па во наредните две недели, ќе се одвива постапката за собирање потписи за мојата претседателска кандидатура и тоа во локалните канцеларии на ДИК во вашите медста на живеење. Секој ваш потпис ќе значи огромна поддршка и поттик не само за мене лично, туку и за сите наши сограѓани – овој процес ќе биде знак дека сме обединети околу заедничката: сите за Македонија!

Најдобар начин да ги мотивираме другите и да испратиме порака дека од нас зависи, е да излеземе масовно до канцелариите на ДИК и да ставиме потпис. Доколку почувствувате потреба да ги охрабрите другите, би можеле да направите самослик (selfie) и да го постирате заедно со хаштагот #СеПотпишавЗаПравоиПравда.

Се разбира, ова е само една идеја за мобилизирање и взаемно оснажување – помислете дека секој таков чин може да ги инспирира другите околу вас! И така, на крајот, навистина, од овој процес да излеземе здружени околу Македонија.

Бескрајна благодарност до сите вас што ме охрабрувавте и дававте конкретна поддршка и во изминатиот период.

Таа објави дека оваа акција ќе се одвива под мотото #СеПотпишавЗаПравоиПравда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести