Интервју со Гордана Јонацик

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 14:13

Гордана Јоначиќ: Националниот дух и припадност се гаат од најмали нозе

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Г-ѓа Јоначиќ, најпрво да Ве поздравиме Вас и останатите кои поминувате низ голготата на барањето правда поради отпуштањето од работа со доаѓање на новото раководство во локалната самоупраава. Имено, имате иновативен настап пред Општина Битола со кој го привлековте вниманието на широката јавност. Кажете нешто повеќе за проблемот со кој се соочувате.

Настанот пред Општина се случи на 08.06.2018г., последниот ден од учебната 2017/2018г. За време на оваа учебна година дојде до смена на директорите на градинките, основните и средните училишта во Општина Битола. На осумдесетина вработени во образование (воспитувачи, негуватели, учители, професори, техничка и педагошка служба) не им беа продолжени договорите за вработување. Сите овие лица имаа можност за трансформација на работен однос на неопределено работно време, но не ја добија. На овие места беа примени лица без положен приправнички испит и со помало работно искуство. Барајќи одговор од новите директори, кои беа наши долгогодишни колеги, добивме само: „Не е до мене“. Затоа баравме средба со градоначалничката, како дирекно надлежна за именувањето на директорите.

 

После средбата со градоначалничката на Битола, дали имате некаква надеж дека проблемот ќе се реши?

Градоначалничката не прими и не сослуша. Заедно ги увидовме пропустите во правната и педагошката практика, но не осети потреба да ја преиспита работата на директорите, ниту пак потреба да го активира Инспекторатот – не бил под нејзина надлежност. Ни кажа дека и е жал, но сами да си ја бараме правдата. Од средбата не сме воопшто задоволни.

 

Според Вас, кој е реалниот проблем што младите кадри се оставени на немилост на цена на политички поддржани кадри во образованието?

Луѓето мора да научат дека секоја функција си носи обврски и одговорности, а нивна должност е да ги исполнуваат истите.

 

Дали имате оптимизам за образованието во нашата земја?

Образованието е за учениците. Она што квалитетно ќе се совлада за време на еден училишен час останува врежано засекогаш. Се што е повеќе од тоа е непотребно и претставува оптеретување и за учениците и за родителите.

 

Што мислите за иднината на младите во градот Битола. Дали имате надеж дека младите расселени повторно ќе се вратат во својот роден крај? Како промената на името и евентуалниот влез во НАТО ќе влијае кај младите високообразовани кадри во Битола и Македонија?

Битола го носи епитетот „печалбарски град“. Иселувања имало отсекогаш, а градот опстојува и понатаму. Неговиот шмек е неодолив за секој еден што дошол во градот или во контакт со негов жител. Националниот дух и припадност се гаат од најмали нозе. Младите секогаш ќе најдат начин да го одберат правилниот пат.

 

Дали Вашата општина нуди поволни предуслови за вработување на најквалитетните млади кадри, дали има некакви програми за вработување?

Младите го носат најголемиот потенцијал и се двигатели на секое општество. Општината треба да го препознае нивниот интерес и да ги насочи своите механизми кон остварување на перспективи за својата водечка сила. Во спротивно некој друг ќе ужива во плодовите кои ние сме ги зрееле.

 

Дали би сакале нешто да додадете а не Ве прашавме?

Народот вели: „Секое лошо за добро е“. Се надевам дека Избрканите и нивните семејства ќе се изборат за своето „добро“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...