Гордана денеска е успешна и среќна мајка и таа постојано објавува фотографии од нејзиното синче. Таа не ја крие радоста и моментите поминати со него.

Објавил: Весна Петровска | 13 септември, 2019 16:40

ГОРДОСТ НА МАМА И ТАТО: Синчето на Гордана Јанкулоска е ВИСТИНСКО шеќерче

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска повеќе не е дел од политчката сцена во Македонија, таа својата енергија своето време го троши на нејзиниот син Петар.

Таа по министерската функција имаше тежок период таа беше осудена за набавката на луксузниот Мерцедес во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Но во тој тежок период Гордана остана бремена и Основниот Суд 1 и ја одложи затворкста казна поради чување на дете.

Инаку таа треба да издржува затворска казна од 6 години.

Гордана денеска е успешна и среќна мајка и таа постојано објавува фотографии од нејзиното синче. Таа не ја крие радоста и моментите поминати со него.

Ова е прво дете на Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски со кого е во брак од 2010 година.

Таа објави фотографија од своето синче на социјални мрежи

Гордана Јанкулоска (12 октомври 1975 во Охрид) —  На функцијата министер за внатрешни ранотои стапила на 27 август 2006 и ја извршувала до 12 мај 2015, кога поднела оставка.

Дипломирала на правниот факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Кентскиот универзитет, Кантербери, Велика Британија со диплома од највисок ранг (LLM, awarded with distinction), на насоката меѓународно деловно право, на тема: „Нормативните ризици и странските инвестиции”. Во јули, 2004 год, UKC-Kent Law School, UK ѝ доделува Награда за посебни достигнувања во областа на правото.

Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни институции, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник, (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно правни работи, одделението за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноци и царини; секторот за управување со капиталот; секторот за информатика и дирекцијата за спречување на перење на пари) ; шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.

Учесник е на бројни обуки, семинари и дебати од областа на финасии, право, проектен менаџмент и евалуација на проекти на национално и меѓународно ниво, како и во повеќе тимови за изработката на закони и реализација на проекти во сферата на Реформата на платениот промет, имплементација на фискални машини во Република Македонија. Одлично го говори англискиот јазик и има основни познавања на албанскиот и германскиот јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.