Како да беше малку непрекинатото загадување на Битола и битолско па од синоќа гори и Мегленци

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 10:51

Гори битолската депонија “Мегленци”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Битола е градот кој по Тетово а пред Скопје на ниво на Македонија и пошироко има најголема загаденост во текот на годината по основ на ПМ 2.5 и ПМ 10 честиците кои го трујат локалното население и за што нема конкретни мерки туку само ветувања.

Од синоќа како летниот период загаденоста е помала гори и депонијата “Мегленци” од каде не се знае дали се работи за пожар кој настанал од топлото време или е подметнат од некого. Очевидци само потврдуваат дека во близина било забележано возило на противпожарната единица од Битола.

Во градот но и населените места гласноговорниците во локалните и месните самоуправи реагираат со зборови на негодување и осуда. Општина Битола и градоначалничката Петровска под чија надлежност е депонијата сеуште без реакции или акција на терен. Месното население останува да се надева на најавените поројни дождови до крајот на денот кои можеби ќе ја стават отровната огнена стихија под контрола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.