Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на информации од противпожарна служба објави дека не се во опасност населени места, а гори борова шума.

Објавил: Перо Милчин | 8 септември, 2019 17:59

ГОРИ ВО ХАЛКИДИКИ: Голем шумски пожар беснее во Грција!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во централниот дел на Ситонија, на вториот крак на Халкидики, попладнево изби шумски пожар, во кој интервенираат 23 пожарникари со 11 возила и два авиони, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на информации од противпожарна служба објави дека не се во опасност населени места, а гори борова шума.

Командирот на противпожарната служба на Халкидики е оптимист дека набргу пожарот ќе биде ставен под контрола.

–Потребна беше помош од два канадери, бидејќи жариштето е во непрооден дел. Оптимисти сме дека брзо ќе биде целосно ставен под контрола, вели командирот на противпожарна служба на Халкидики, Димитрис Карасавидис за информативниот портал „Халкидики њуз“.

Градоначалникот на Ситонија, Кипарисис Деплас, говорејќи за порталот на весникот „Етнос“, вели дека во исто време на мала оддалеченост избиле два пожари и изрази сомнеж дека е подметнат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.