Путин во текот на годишната конференција за новинари, меѓу останатотот истакна дека Уставот не треба да се менува.

Објавил: Весна Петровска | 20 декември, 2019 12:52

ГОРИ ИНТЕРНЕТОТ: Путин повеќе нема да биде претседател на Русија!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Главната уредничка на МИА „Русија севдоња“ Маргарита Симонјан вели дека претседателот на Русија Владимир Путин нема да се канидаира на трет мандат.

– За оние кои се сомневаат дали шефот уште еднаш ќе се канидидира за уште еден претседателски мандат. Нема!, напишала таа Телеграмата.

Путин во текот на годишната конференција за новинари, меѓу останатотот истакна дека Уставот не треба да се менува.

Владимир Путин руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Работи кои не сме ги знаеле за Путин:

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петерсбург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.

Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесетите години[3][4]. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите три пати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз

Како претседател на Русија, Путин донел закон за рамен данок на доход од 13%. Како премиер вовел големи воени реформи и реформи во полицијата. Неговата енергетска политика ја потврдило позицијата на земјата како енергетска суперсила. Освен тоа, Путин подржал и развој на нуклеарната и одбранбената индустрија. Порастот на странските инвестиции донел до голем економски развој во индустрии како авртомобилската на пример. Развојот на земјата во неговиот мандат вклучува изградба на цевководи, реставрација на сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС, и изградба на инфраструктура за меѓународни настани.

Во Русија, лидерството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг. Според некои, голем дел од неговите дела се карактеризирале како недемократски[19]. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор, кое Путин категорично го негира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.