За среќа двајцата завршиле без повреди, а по сударот не е направена поголема материјална штета, информира „Блиц“. Како што објави весникот со возилото управувал сопругот на Гоца, Раша кој воедно е и виновникот за инцидентот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2019 15:42

Гоца Тржан и нејзиниот сопруг доживеаа сообраќајка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата пејачка Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Радомир Новаковиќ, завчера изутрина доживеале сообраќајка, јавија српските медиуми.

Гоца на неколу пати има изјавено дека првата помиса за нејзиниот сегашен сопруг Раша била дека тој е геј…

За среќа двајцата завршиле без повреди, а по сударот не е направена поголема материјална штета, информира „Блиц“. Како што објави весникот со возилото управувал сопругот на Гоца, Раша кој воедно е и виновникот за инцидентот.

– Раша управуваше со возилото, а Гоца седеше на совозачкото место. Поради невнимание се судри со друг автомобил управуван од жена. На лице место веднаш е направен записник од полициските служби. Сопругот на Тржан е виновен за инцидентот и ќе мора да ги плати трошоците – изјави еден од очевидците на настанот. 

Инаку Гоца е родена на 8 јули 1974 година во Белград, како прво дете на мајката Росанда и таткото Антон. Таа завршила во Десета белградска гимназија а по средно уччилиште се запишаја на Земјоделски факултет, отсек сточарство каде стигнала до втора година, кога и ги прекинала студиите и започала да се занимава со пеење. Во тоа време настапуваше во аматерски претстави.

Од 2007 до 2011 година беше во брак со Иван Маринкович со кој ја има ќерката Лена.

Гоца е позната по учествување на неколку фестивали и за себе повеќе пати изјавила дека е фестивалски губитник, но нејзините песни и по фестивалите остануваат хитнови. Во 2004 година на фестивалот Сунчане скале, се претстави со песната „Хаљина“, со која и всушност блесна во својата кариера а го освои второто место, но прва беше на сите топ листи.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.