Интервју со Гоце Стевковски, тапанар, музички автор и претседател на Здружението на џез-уметници на Македонија

Објавил: admin@magazin | 5 јули, 2018 9:45

Гоце Стевковски: Се е процес на созревање

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Неодамна македонската звучна колекција ја збогати уште еден извонреден албум. Станува збор за „Homage To A Dreamer“, дело на тапанарот и музичкиот автор Гоце Стевковски и неговиот Септет. Албумот е издаден под капата на „Скопски џез-фестивал“, снимен е во 2017 година во Македонската опера и балет и во студиото „Алшар“, и изобилува со прекрасни теми фантастично донесени од страна на сите членови на составот: Гоце Стевковски-тапани, Кирил Кузманов-саксофон,Тодор Бакрџиев-труба,Сашко Николов-тромбон,Матијас Гајер-пијано,Кирил Туфекчиевски-бас,Дамир Имери-клавијатури и гостите:Трајче Велков-труба,Гордан Спасовски-пијано и Димитар Божиков- гитара. Тоа е повод за интересен разговор со Гоце Стевковски, кој наедно е и претседател на Здружението на џез-музичари на Македонија:

 

Вашиот нов албум „Homage To A Dreamer“ кој неодамна го доживеа светлото на денот, е поинаков од претходниот. Носи силна мелодичност, носи малку и носталгија врзана за скопскиот некогашен живот, поседува меланхолична нишка, интересни и впечатливи теми и одлични импровизации, музичари и продукција. Дали првиот албум од денешна перспектива го сметате како отскочна штица за она што овде се чувствува, поголема слобода во изразот, поголема храброст во пристапот?

По вашиот вовед и убавите зборови, во продолжение да ви одговорам на прашањето. Секако, се е процес на созревање во континуитет. Ако ги земеме последните три композиции од претходниот албум во предвид, може да се претпостави во која насока би се движел новиот материјал. Се разбира, како што рековте, храброста, умешноста и знаењето на секој поединец, ја обликуваат, според личниот сенс за музика и уметност, големата слика.

 

Што е она што како автор, како композитор, ве инспирира, ве тера да влезете во еден креативен свет кој во џезот е особено широк?

Околината, секојдневието, пријателите, се она што не опкружува. Таа слика на реалноста се преточува во џез-музика како најслободна форма на изразување на уметникот.

 

Гоце, албумот е посветен на сонувачите, на фантазерите, на луѓето кои умеат да отидат отаде нештата преку најубавата уметност, музиката. Кои се вашите „техники“ за сонување, како успевате да ја издвоите реалноста која не притиска и да се посветите на нешто што инспирира и тоа да им го подарите и на останатите?

Албумот би го посветил на сите, верувајќи дека секој човек има свои соништа и се стреми кон доброто. Реалноста е таа која што е двигател на наштата и се додека притиска ќе постои мотив да создаваме за нас убави нешта, наспроти лажниот конформизам кој што не одвлекува од она што не прави луѓе.

 

Омотот на албумот „Homage to a Dreamer“ на Гоце Стевковски Септет

Можеби грешам, но според насловите на темите присутни на изданието, како „Dinner for two“, „The wedding“, „Being there“ или „Train station“, а и според атмосферата која што го обојува, се работи ли за љубовен албум, за една ваша лична, интимна приказна?

Може да биде ама не е. Насловите се поради атмосферата што ги обојува.

 

Вие сте основач на Здружението на џез-уметници на Македонија, и негов претседател. И во албумот се чувствува оној бигбендовски манир, оркестарски, особено полн во дувачкиот корпус. Дали со почетокот на приказната за основање на еден ваков ансамбл и кај вас лично се „всели“ тој богат звук кој го аплицирате и овде?

Да, бигбендовскиот манир е поради брас-секцијата која што е присутна и силна од самиот почеток на формирањето на септетот.

 

Кога сме кај ЗЏМ, како се роди идејата за ваков оркестар? Дали беше поради фактот што во Македонија денес не постои ваков тип на состав, што подолго време се чувствуваше празнина во сферата не само на џез-културата туку генерално, во музичката култура на овие простори?

Ние го формиравме ЗЏМ како платформа за афирмирање на џез-музиката и уметниците кои создаваат ваков некомерцијален правец на музика. Идејата за создавање на големиот оркестар е на Кирил Кузманов, со поддршка од најдобрите солисти во Македонија. На тој начин создадовме еден професионален оркестар кој што во изминативе три години постигна сериозни резултати.

 

Биг бенд на ЗЏМ

Како функционира ЗЏМ? Досега одржавте навистина интересни, прекрасни концерти со врвни солисти, диригенти, а и самиот ансамбл е составен од извонредни, професионални музички уметници, поголем дел од нив школувани на престижните џез-академии во Европа. Има ли државата, или компаниите, големите фирми, слух за вашата работа, добивате ли доволна поддршка?

ЗЏМ функционира на три столба. Првиот е биг-бендот, вториот е фестивалот „Today is all about jazz“ и патувачкиотЏез-караванпрекукојновитеизданијанаџез-бендовитегипретставуваменизградовитеводржавата. Околу добиената поддршка би им се заблагодарил на сите што не поддржаа до сега и би апелирал дека ни е потребна многу поголема техничка и финансиска поддршка. Земајќи во предвид дека за активна работа на еден професионален оркестар како што е ЗЏМ биг-бендот е потребна сала, озвучување, средства за аранжмани, маркетинг и друго, потребна е далеку поголема поддршка од онаа што ја имаме. За да можеме да продолжиме со остварување на професионални резултати, врвна изведба на џез-класици, современи дела, дела од македонски композитори како и нашата главна цел – создавање и ширење на македонската џез-култура во регионот и Европа, очекуваме пред се државните институции да го препознаат квалитетот кој што го нудиме и соодветно да го поддржат.

 

Скопје нема џез-клуб, нема здрава џез-атмосфера, се појавуваат изблици, но ретки и не во континуитет. Што според тебе треба да се направи за да се створи еден таков амбиент во нашата метропола?

Како што е пракса во европските држави градот треба преку партнерство со асоцијациите на џез-уметниците да овозможи простор кој би бил центар каде што ќе се реализираат работилници, концерти, едукација, вклучувајќи и џез -клуб.

 

Кој е следниот настап на ЗЏМ, најавувате ли нешто ново?

За оваа година имаме планирано уште четири концерти. Првиот е на 10 август во Крушево, а останатите ќе бидат реализирани во салите на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.

 

Ќе доживее ли наскоро „Homage To A Dreamer“ жива концертна промоција?

Секако. Планирам концертното претставување на албумот да биде во ноември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...