Мартинијан Кириловски со песната „Сто пати на ден“ чиј автор е Ристо Самарџиев ја освои првата награда на „Макфест 2019“. Ова е негово шесто учество на фестивалот, каде ја почна и својата музичка кариера, на Самарџиев, пак, ова му е седма победа во Штип.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 12:35

Го отвори и затвори фестивалот: Мартинијан Кириловски е победник на „Макфест 2019“!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Макфест и оваа година докажа дека е најдобар фестивал во земјава, каде најдобриот победува. И оваа година како и секоја учество земаат најдобрите македонски пејачи.

Мартинијан Кириловски со песната „Сто пати на ден“ чиј автор е Ристо Самарџиев ја освои првата награда на „Макфест 2019“. Ова е негово шесто учество на фестивалот, каде ја почна и својата музичка кариера, на Самарџиев, пак, ова му е седма победа во Штип.

– Пресреќен сум за победата на фестивалот каде ја започнав мојата музичка приказна. Всушност јас сум дете на „Макфест“, бидејќи ова е мое шесто учество. Почнав 2013, освоив трето место и оттука тргна сѐ. „Сто пати на ден“ е моја најубава песна до сега и сигурен сум дека ќе биде голем хит, има леплив рефрен и веднаш влегува во уво и се надевам дека уште долго ќе се памети. Песната е на Ристо Самарџиев, а аражманот е на Иле Спасов – нѝ рече победникот Мартинијан Кириловски, кој како член на српската „Гранд продукција“, гради и интернационална кариера.

Впечатливи беа настапите и на Коки Јанков, кој со својата „Тајфа“ мошне емотивно ја испеја песната „Бела ајта“ пред штипската публика, а на голема врата на фестивалот се вратија и Принц и Дексо, чиј фантастичен вокал би требало почесто да го слушаме. Публиката бурно ја нагарди и Здравка Мирчевска, која извонредно ја отпеја баладата „Ако има утре“ на штипјанката Весна Малинова

Второто место го освои дуетот Александар Митевски и Драган Спасов Дац со песната „Уште ми фалиш“ чиј автор е Митевски. Тесктот со помош на Вики беше преведен и на знаковен јазик, а третонаградени се членките на групата „Фрајле“ од Србија, кои на македонски јазик ја испејаа песната „Не ѝ признавај“ на Тоше Поп Симонов, некогашен уметнички директор на „Макфест“, кој како автор се врати по голема пауза.

Освен тројцата првонагардени, чии авторски тимови освоија по 5.000, 3.000 и 1.000 евра, награди во износ од 500 евра добија и Славица Ангелова – за најдобар дебитант, Росана Сариќ Тодоровска, која никого не го остави рамнодушен, за најдобра интерпретација, Иле Спасев за најдобар аранжман за песната „Кој те учи така“, а Мартија Станјковиќ ја доби наградата за најдобар сценски настап при изведбата на динамичната „Возбуда и љубов“ на Александар Масевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.