Во оваа емисија ќе се насмеете до солзи од интерпретацијата на Рста, кога со хелиум го  изведува својот голем хит а Жаре ќе ја презентира и својата песна посветена на Али Ахмети.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 октомври, 2019 23:41

Го поведоа емоциите: Раста конечно ја откри вистината за разводот со Ана Николиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Започна 11 та сезона од популарното шоу Еден на Еден, а гости во втората емизија од оваа сезона беа популарните српски рапери Раста, Таско, Римски и Корона.

Гости во Еден на Еден, популарните српски рапери Раста, Таско, Римски и Корона

Како и минатата сезона така и оваа, водителот Жарко Димитриевски има улога на гостите да им ја додели задачата да прочитаат неколку злобни коментари за себе. Па така таа улога му падна на единствениот македонски гостин, Таско кој прочита неколку злобни коментари за себе. Познатиот рапер Раста во емисијата искрено зборува и за разводот со пејачката Ана Николиќ.

Оваа недела, на Канал 5 од 18.30 не пропуштајте ја и премиерата на песната за новиот македонски принц во изведба на Жаре.

Во оваа емисија ќе се насмеете до солзи од интерпретацијата на Рста, кога со хелиум го  изведува својот голем хит а Жаре ќе ја презентира и својата песна посветена на Али Ахмети.

Инаку во медиумите многу се шпекулираше за разводот на познатиот пар, Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ – Раста кои се разведоа по нешто повеќе од една година брак! Наводно како причина за крај на бракот, кој завршил спогодбено, во мир и без тешки зборови, двојката ги навела различностите во карактерите, а многу лесно се договориле и за обврските околу тримесечната ќеркичка Тара и заедничкиот имот.

Како што пред две години известија медиумите, познатата пејачка која едно време важеше за секс симбол на српската естрада Ана Николиќ на Раста му предложила алиментација од 500 евра, но тој рече дека ќе дава четири пати повеќе затоа што не сака да штеди на своето дете.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.