Свадбата е закажана на 7 септември, и ние едвај чекаме нашата љубов да ја крунисаме со брак. Прво ме привлече неговиот физички изглед.

Објавил: admin@magazin | 18 март, 2019 22:58

Го сакам мојот Милојко иако е 53 години постар од мене, не сум со него за пари, живееме од 500 евра месечно

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Милојко Божиќ (74) од Пилатовиќ и Милијана Богдановиќ (21) од Лучане овие денови се најпознат пар во Пожега ! Разликата во годините е 5 децении, но тоа ни малку не им смета во нивната љубов.

Заљубениот пар овие денови ги посетува продавниците за венчаници и додека шетаат во Пожега, луѓето ги оговараат на глас, но тие воопшто не се замараат поради тоа.

Кога Милијана се родила, Милојко веќе бил пензионер. Тој целиот свој живот работел во Белград, но после пензионирањето тој се вратил во родното село, каде неочекувано се случила голема љубов со убавата Милијана.

Свадбата на заљубениот пар е закажана за 7 септември. Тие едвај чекаат да ја крунисаат својата љубов со брак.

Свадбата е закажана на 7 септември, и ние едвај чекаме нашата љубов да ја крунисаме со брак. Прво ме привлече неговиот физички изглед. Не сакам млади момци, постари ми се свиѓале од секогаш.

За своите години тој реално, одлично изгледа. Не ме интересира кој зборува за нас, Микана го познавам цел живот, комшии сме а јас доаѓав кај него кога беше болен и тука се роди нашата љубов, рече Милијана за порталот Рина.

Го познавам од кога бев мала. Со моите 17 години остваривме близок контакт, и почнавме да се дружиме. Малку се заљубив, па после и тој. Бевме една година во врска. Еднаш прекинавме, но после тој требаше да оди на операција за срце, а во тој момент тој немаше никого покрај себе и се понудив да му помогнам и пак ја почнавме нашата врска.

Милојко е опериран во декември, а после неговата операција никој не може да не раздели. Свадбата ја закажавме и планираме заедничка иднина. А за деца сигурно дека ќе ги биде.

Многу мислат дека со него сум од интерес, но ние немаме проблем да кажеме дека нашите примања изнесуваат 500 евра. Ние живееме во нашата дрвена палата, а на пролет ќе почнеме со реновирање на куќата која Микан почна да ја гради пред неколку години.

Наскоро планирам да се вработам, да допринесам на нашиот буџет. Техничар сум за заштита на животна средина, но не барам работа по струката.

Заљубениот Милојко потврдува се што зборуваше неговата млада, и додаде дека во овие години е голема среќа да се најде ваква искрена љубов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.