Инаку во јуни годинава, градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски беше во самоиницијативно поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која исто така беше позитивна на ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 октомври, 2020 19:39

Градоначалникот на Бутел позитивен на Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото центар.мк

На својот официјален Фејсбук профил градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој објави дека откако почувствувал симптоми, веднаш направил тестирање за коронавирус и тестот е позитивен. Апелираше до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат внимателни.

 

Почитувани пријатели,

И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на КОВИД 19 и истиот е позитивен.

Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, напиша Смилевски.

Инаку во јуни годинава, градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски беше самоиницијативно во самоизолација поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која исто така беше позитивна на ковид-19.

Тогаш Смилевски објави дека двата последователни тестови на коронавирус кој ги направил се негативни. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.