Тој посочи дека денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарал да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за него и членовите на неговото семејство и сите негови контакти посочени во епидемиолошка анкета.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2020 23:02

Градоначалникот на Куманово негативен на коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска на својот официјален Фејсбук профил објави дека сите членови на негвото семејство направиле тест за коронавирус, кои воедно се негативни.

Почитувани пријатели, драги граѓани,
– Ви се заблагодарувам од срце на сите пораки со подршка и желби за закрепнување.
Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.
– Сите тестови се НЕГАТИВНИ

Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. – Сите тестови се НЕГАТИВНИ

Тој посочи дека денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарал да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за него и членовите на неговото семејство и сите негови контакти посочени во епидемиолошка анкета.

Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.
– Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.
Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.