„Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од прв

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 август, 2022 5:42

Градоначалникот на Охрид: Жалам што нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој е под покровителство на претседателот на државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се огласи и градоначалникот на општина Охрид, откако се потврди информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон поради блокирана сметка на пливачката федерација.

„Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија. Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки“, вели градононачалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Тој додава дека оваа одлука е срамна.

„Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“, додава Пецаков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.