Според соопштението од општина Пустец, градоначалникот на Пустец, Поли Колефски решил да направи голем чекор и својата плата за месец ноември ја донирал за настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија во вторникот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 17:08

Градоначалникот на Пустец ја донираше ноемвриската плата за настраданите во земјотресот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото експрес.мк

Поли Колефски, градоначалникот на општина Пустец најави дека општината  ќе продолжи со помош за Албанија. Тој најави дека ќе се продолжи со солидарноста и поддршката на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

-Православната црква на општина Пустец донираше 100.000 лека за настраданите семејства, а финасиски средства собрани се и од прилози на жителите кои ќе бидат уплатени на посебните сметки отворени за таа цел, велат од општина Пустец.

(ФОТО Канал 5 )Пустец е село и општина во Мала Преспа, Албанија, во рамките на областа Горица (Корча) со македонско население. Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец (Opshtina Pustec), која од 1973 до 2013 г. се нарекувала Лиќенас (Komuna Liqenas) и се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро. Градоначалник на општината е Поли Колефски. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Албанија.

Според соопштението од општина Пустец, градоначалникот на Пустец, Поли Колефски решил да направи голем чекор и својата плата за месец ноември ја донирал за настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија во вторникот.

Во соопштението стои дека општина  Пустец ги повикува сите жители да дадат свој придонес за да им помогнат на семејствата погодени од земјотресот.

Деновиве Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се вклучија во собирање помош за настраданите од земјотресот, главно прехрамбени артикли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, облека.

Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на општина Пустец, Колефски и претседателот на и Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.