-Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите, вели Николов.

Објавил: Перо Милчин | 10 февруари, 2021 20:52

Градоначалникот на Штип дал предлог бугарскиот јазик факултативно да се изучува во училиштата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Штип Сашко Николов по денешната средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов рече дека дал предлог дека нема ништо против бугарскиот јазик факултативно да се изучува во македонските училишта, пренесе Фокус!

Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите, вели Николов.

Тој додаде дека  со Ангелов имале плодна средба затоа што разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои ќе значат развој и на двете држави, но и за соработката меѓу градовите.

Бугарскиот амбасадор, како што самиот вели, е оптимист за спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести