Тој објави фотографија на својот Фејсбук профил како се весели и води оро, заедно со останатите членови на партијата.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 16:29

Градоначалникот на Ѓорче со “ЗУРЛИ И ТАПАНИ„ го пречека Пендаровски на вчерашната трибина !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, за време на вчерашната трибина во општината Ѓорче Петров, на кој присуствуваше и претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, водеше оро и се веселеше со зурли и тапани до раните утрински часови.

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски објави фотографија на својот фејсбук профил како се весели и води оро со зурли и тапани, заедно со останатите членови на партијата.

Тој најверојатно се израдувал на доаѓањето на претседателскиот кандидат Пендаровски во Ѓорче Петров и решил ситуацијата додатно да ја загрее со веселба, заедно со зурли и тапани.

Тој радосен се фатил на орото, откако во Домот на културата во општината, се одржуваше трибината на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Според сликите објавени на неговиот фејсбук, Пендаровски не го видовме на орото, но сепак неговиот сопартиец Александар Наумоски заедно со зурли и тапани вртеше ора до раните утрински часови во Домот на културата.

По се изгледа Наумоски цврсто е уверен дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски, ќе ја однесе победата на овие претседателски избори, па почнал пред време да слави и да се радува.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, се развеселил за време на вчерашната трибина во општината, во рамки на кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. 

Александар Наумоски е дипломиран правник, магистер по уставно право-човекови права и поранешен соработник на Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Наумоски е долгогодишен член на СДСМ, беше советник во Советот на Општина Ѓорче Петров и во Советот на Град Скопје.

Член е на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа (DH-PR) 2008, а од 2011 април до 2013 ноември, Еуролинк осигурување АД Скопје, беше ликвидатор на штети по зелена карта во Сектор за зелена карта.
Од 2013 ноември до 2016 декември, Извршен директор во Уготур АД Скопје.

На локалните избори 2017 година (октомври) е избран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести