Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме.

Објавил: Перо Милчин | 4 март, 2022 17:45

Градот Скопје со 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градот Скопје со 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина.

Донесов одлука до Советот да предложам градот да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари.

Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска!

Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме.

Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи да пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови, изјави таа!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести