Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што истите ќе бидат санкционирани.

Објавил: Владо Марин | 24 август, 2020 18:30

ГРАДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ ТРАГААТ ПО ОДЛОЖУВАЧОТ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД КАЈ САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

И овој викенд продолжија активностите на екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“, каде беа спроведени акции за контрола на јавните површини, а во врска со непрописното фрлање отпад.

За време на овие акции, во контејнер за комунален отпад поставен во близина на СЦ „Борис Трајковски“, пронајден е несоодветно фрлен медицински отпад (шприцови).

Понајден несоодветен фрлен медицински отпад (шприцови)!

Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што истите ќе бидат санкционирани.

Во текот на вчерашниот денот беа контактирани и специјалните служби на ЈП „Дрисла“ кои со специјална опрема го превзедоа медицинскиот отпад и истиот го транспортираа до депонијата каде ќе биде соодветно третиран.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести