ГРАД СКОПЈЕ ГИ ИСЧИСТИ И ОКОЛНИТЕ ПАТИШТА!
Град Скопје ги исчисти и патиштата до Средно Водно, Долна Матка, Усје, Сопиште, Пинтија, Љубанци, Љуботен и Бањани, а им излезе во пресрет и на останатите институции, откако успешно го заврши чистењето на сите градски улици и булевари.
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и државните служби кои се задолжени за нивно чистење и одржување.
Град Скопје упатува голема благодарност до сите градски комунални работници кои изминатото деноноќие неуморно се бореа со снежното невреме.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.