Божинов за Сител изјави дека правдата ќе ја бара во Стразбург бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тврди дека за да му го срушат објектот Градот понудил сума која е многу пониска од вредноста на објектот и земјиштето.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 21:11

Град Скопје му го сруши домот на Љупчо Божинов – багерите рушеа на „Трета македонска бригада“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Град Скопје го сруши домот на Љупчо Божинов, објави Сител. Сопственикот веќе четири години поминува голгота низ административните лавиринти со Градот. Куќата на „Трета Македонска Бригада“ беше пречка за проширување на булеварот, но на крајот надлежните се одлучија да ја заобиколат.

Божинов тврди дека иако се уште траат судските процедури за докажување на сопственоста надлежните се одлучиле да го срушат објектот.

Божинов за Сител изјави дека правдата ќе ја бара во Стразбург бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тврди дека за да му го срушат објектот Градот понудил сума која е многу пониска од вредноста на објектот и земјиштето.

Од Град Скопје велат дека со постапката ќе се зголеми безбедноста на булеварот.

– Самиот објект, по имотниот лист е во сопственост на Град Скопје, а до сега се водеше правна постапка за преeземање на владение на објектот. Градот Скопје, преку овластен извршител, достави решение до лицето кое живее таму за празнање на објектот и преземање на владение врз истиот. По поминување на сите рокови и исцрпување на сте правни лекови за извршување на налогот. Градот закажа присилно исселување за 16.10.2019 година, до што сопственикот денеска (15.10.2019 година) доброволно го предаде објектот, а Градот Скопје го превзеде владението на објектот и доби решение од овластениот извршител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести