Сумата која Град Скопје ја издвои за уредување на оваа површина изнесува 2.900.000 денари.

Објавил: Владо Марин | 30 мај, 2020 21:39

ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО КАРПОШ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска го посетија инклузивното игралиште кое Град Скопје го направи во населбата Карпош 2.

-Градот Скопје континуирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите наши сограѓани. Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под.

Искрено верувам дека секој човек и граѓанин има право на еднаква шанса, а ние како инстиуции сме должни тие шанси да им ги даваме – рече Шилегов.

Град Скопје го направи ова инклузивно игралиште во Карпош, по направена проценка дека во Карпош 2 има деца со попречености кои ќе може да ги користат адаптираните справи и да се релаксираат во своето маало.

-Градот Скопје континуирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите наши сограѓани. Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под.

Игралиштето се простира на површина од 429 м2 и во него се поставени реквизити кои се соодветни за користење и од децата коишто имаат физичка попреченост.

Подлогата е направена од гумени панели кои овозможуваат поголема безбедност на децата што ќе играат на ова игралиште. Сумата која Град Скопје ја издвои за уредување на оваа површина изнесува 2.900.000 денари.

За потсетување, во изминатите три месеци се отворени Центар за ран детски развој во општина Центар и сензорна соба во општина Бутел, наменети за деца со развојни задоцнувања, односно попречности и се изградени две инклузивни игралишта погодни за децата со попреченост, бидејќи посветеноста за ранливите групи на граѓани останува високо на листата на приоритети на Град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.