Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

Објавил: Перо Милчин | 5 ноември, 2020 17:33

ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА УШТЕ ЕДЕН НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска започнува уредувањето на последната од вкупно 4 локации кои се дел од иницијативата на Центарот за иновации Скопје Лаб, со чија помош Градот Скопје директно ги вклучува граѓаните во редизајнирањето на постојните зелени површини согласно со нивните потреби за одмор, релаксација, дружење и сл.

– Станува збор за редизајн на постојна зелена површина од околу 1000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Општина Аеродром.

Вредноста на проектот изнесува околу 3,7, милиони денари и очекувам во наредните 30 дена целосно да биде редизајниран овој јавен простор, на начин на кој го правевме на неколку различни локации во нашиот град – изјави Шилегов.

Тој додаде дека во процесот беа вклучени различни возрасни групи на граѓани преку користење на квалитативни и квантитативни методи, односно анкетирани се граѓаните за утврдување на нивните навики и потреби и всушност дизајнот на овој јавен простор е направен според тие нивни барања.

 На почеток сме на есенската сезона на садење, така што во претстојниот период преку ЈП „Паркови и зеленило“ со нови садници ќе бидат збогатени повеќе зелени површини во градот во повеќе скопски општини – рече Шилегов.

Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Стил

Доколку останете без идеи за стајлинг, секогаш внимавајте на комбинациите на Брижит Макрон. Никогаш не греши.

Брижит Макрон знае како да ги воодушеви модните критичари: Во овој стајлинг секоја жена изгледа барем 5 кг послаба(ФОТО)

Првата дама на Франција, Брижит Макрон и нејзиниот сопруг Емануел го посетија центарот...

Моделот што го носеше убавата струмичанка се истакнува со еден ефектен детаљ – прерамка само на едно раме, а токму тоа важи за водечки тренд и ова лето.

Ќерката на Зоран Заев со овој модел на кocтим за капење ги сpyши СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – еве зошто го обожаваат сите!

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева покажа пред своите верни следбеници...

Веста за нејзината трансформација ја сподели нејзиниот долгогодишен стилист Драган Гоцев- Даци, од Струмица.

ЗОРИЦА ЗАЕВА НЕ Е ПОВЕЌЕ ЦРНОКОСА: После долги години ја смени бојата на својата коса(ФОТО)

Зорица Заева, сопругата на лидерот на СДСМ, конечно реши да ја смени бојата на својата...