Во соопштението на ВМРО, се наведува дека СДСМ нема капацитет да се отргне од матрицата на криминогеност и додаваат дека гласот за Пендаровски всушност е глас за криминалите на Зоран Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2019 10:24

“Граѓаните во Македонија не се нискоинтелегентни за да гласаат за Пендаровски”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стево Пендаровски загуби. Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ загуби во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и во уште четириесетина општини,стои во соопштението на ВМРО.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните избраа право и правдина, затоа ја избраа Гордана Сиљановска Давкова 

Од таму додаваат дека во првиот круг од гласањето граѓаните се одлучија за право и правдина.

Граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните ја избраа Гордана Сиљановска Давкова. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните знаат дека ако биде избран Пендаровски тоа ќе значи уште повеќе криминал, корупција и непотизам. Никој повеќе не ги поддржува Заев и неговите негативни политики.

Во соопштението на ВМРО, се наведува дека СДСМ нема капацитет да се отргне од матрицата на криминогеност и додаваат дека гласот за Пендаровски всушност е глас за криминалите на Зоран Заев.

Пендаровски и Заев се 102.5% исти. Неработата е синоним за СДСМ.Две години власта не направи ништо за граѓаните. Потрошени се 7 милијарди евра буџет, а од тоа граѓаните не гледаат никаква придобивка. Нема инвестиции, нема проекти.Истата таа власт која потроши цели 7 милијарди без некој да знае на што сега излегуваат и се сликаат како чистат и одржуваат комунална хигиена, нешто што им е законска должност, а не проект со кој треба да се фалат.

Од ВМРО велат дека граѓаните во Македонија не се нискоинтелегентни за да наседнат на форите на Заев и Пендаровски.

Граѓаните видоа дека Заев и Пендаровски лажат. Граѓаните ќе гласаат за право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова,стои во соопштението на ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.